Емелјаненко: „Кадиров не е дете да го млати кој како стигне. Ми ги намести коските!“

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Првиот човек на Чеченија во боксерскиот ринг се чувствува како риба во вода, вели руската легенда на мешани боречки вештини Александар Емелјаненко (помалиот брат на Фјодор).

Рускиот спортист и лидерот на Чеченија спарингуваа кон крајот на февруари и до ден-денешен не кажуваат кој победил.

„Ми ги намести коските. Да, така беше. Кадиров не е некое дете кое може да го млати кој како ќе стигне. Ништо не му значи тоа што сум за глава повисок, што сум професионалец“, вели Емелјаненко.

Спортистот додава дека Рамзан постојано напаѓал и не се обидувал да избега.

„Многу спаринг-партнери, професионални спортисти, мораш да ги бркаш по целата сала, се повлекуваат, се обидуваат да ми избегаат. Но не и Рамзан“, вели Емелјаненко.

Погледнете како изгледаше тоа: Си го одржа зборот: Кадиров спарингуваше со Емелјаненко