Си го одржа зборот: Кадиров спарингуваше со Емелјаненко

Првиот човек на Чеченија и братот на Фјодор Емелјаненко, исто така познатиот ММА-борец Александар Емелјаненко, сепак влегоа во рингот. Погледнете што излезе од тоа.

„Рамзан си го држи зборот! Ги навлече ракавиците и влезе во рингот“, напиша Александар Емелјаненко на „Инстаграм“.

Претходно Рамзан Кадиров изјави дека е подготвен да му одржи мала лекција на познатиот ММА-борец Александар Емелјаненко и додаде дека сé уште не знае дали во боксерскиот ринг „да танцува како пеперутка или да боде како оса“, или да го меле на тврдата подлога на октагонот.

Емелјаненко на тоа одговори: „Не би му советувал тренинзи за ММА-борба. Нема да го издржи тоа… А ако сака бокс-меч… тој (Кадиров) постојано тренира бокс, мислам дека е подготвен да ми биде спаринг-партнер“. Што излезе од сите тие приказни можете да погледнете на инстаграм-профилот на Александар Емелјаненко:

Веројатно треба да се каже дека на Александар му годи подолгиот престој во Чеченија, каде што се подготвува за својата следна професионална борба. Русинот не толку одамна направи неколку пијани ексцеси за што беше притворан, а вети дека во Грозни година дена нема да вкуси алкохол.

 

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња