На Крим пронајден голем средновековен арсенал со оружје

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Кулата Чембало ја изградиле на Крим 1425 година Џеновјаните, а потоа неколку пати била преправувана.

На една од кулите на тврдината Чембало на ридот на влезот во заливот Балаклава на Крим е пронајден голем арсенал џеновјанско и османлиско оружје, соопшти службата за односи со јавноста на историско-културолошкиот музеј „Херсон Тавридски”.

Во цистерната во долниот дел на кулата се пронајдени илјадници железни плочки кои претставувале оклоп, илјадници врвови на стрели за самострелите на Џеновјаните и турски стрели, метални токи за оклопи, парчиња мечеви и сабји, еден оловен куршум и шајки. Пронајдени се и 42 железни и седум камени ѓулиња за бомбарди од различен калибар.

Научниците забележуваат дека овој пронајдок е единствен по својот обем и значење за цела источна Европа.

Прочитајте повеќе: Ова се најмистериозните артефакти во Русија (ФОТО)