„Уште еднаш да го претепам тој малоумник?“: Хабиб не сака меч со Мекгрегор

Stephen R. Sylvanie-USA TODAY Sports/Reuters
Повторно се разгорува стариот конфликт.

Челникот на UFC најави дека Конор Мекгрегор и Хабиб Нурмагомедов повторно ќе се соочат во октагонот доколку двајцата победат во своите натпревари. Меѓутоа, рускиот шампион не гори од желба повторно да се бори против Ирецот. Реваншот, според зборовите на Хабиб, нема никаква смисла.

„Мене не ми е интересен реванш со Мекгрегор. Дури и ако ми понудат 100 милиони долари. Постојат многу спортови во кои можат да се вложат тие пари. Зошто некој би ми дал 100 милиони долари? Уште еднаш да го претепам тој малоумник?“, го цитира Нурмагомедов порталот sport24.ru.

Мекгрегор на 18 јануари го победи Доналд Сероне, а Нурмагомедов на 18 април ќе си ги измери силите со Тони Фергусон.

Прочитајте повеќе: 7 нешта што не сте ги знаеле за „дагестанскиот орел“ Хабиб Нурмагомедов

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња