Менаџер: „Меѓу Хабиб и Конор ништо не е сменето и конфликтот не е решен“

Reuters
Менаџерот на шампионот во борбите без правила во лесна категорија во УФЦ Хабиб Нурмагомедов рече што мисли за веројатноста Конор Мекгрегор и Хабиб Нурмагомедов да се најдат во ист „кафез“ на 18 април во Њујорк.

На прашањето дали победата на Конор против Сероне му значи нешто на тимот на Хабиб, Ризван Магомедов вели:

„Тоа не менува ништо во нашите планови. На 18 април се бориме со Тони Фергусон и Конор не игра никаква улога во тоа. А што ќе биде потоа, допрва ќе дознаеме. Добро е што Конор победи затоа што, како и да погледнеш, неговите победи се плус за спортската индустрија, а нашите лични односи се наши лични односи и конфликтот не е решен“.

Магомедов не верува во можноста Конор да го замени Тони во последен момент во случај да тој да се повлече, затоа што, како што вели, Конор не е борец од тој вид, кој секогаш тренира, внимава на килажата и е подготвен да долета и да влезе во рингот.

Неодамна ирскиот мајстор на боречки вештини Конор Мекгрегор, поранешен шампион на борбите без правила на УФЦ во две категории, ја потврди својата подготвеност да го замени Тони Фергусон во борбата со Хабиб Нурмагомедов. Тони и Хабиб веќе четири пати го откажуваа мечот поради различни причини и конечно треба да си ги одмерат силите на 18 април во Њујорк.

Шампионот на УФЦ Нурмагомедов неодамна објави кратка видео порака на „Инстаграм“ за Тони Фергусон:

„Кралот не заминал никаде и нема. Кажи им дека доаѓам“, напиша Хабиб.

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња