Тешкиот ударен екраноплан-ракетоносец „Луњ“ ќе добие многу важна улога

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Најголемиот ударен екраноплан-ракетоносец на светот „Луњ“ сигурно ќе стане еден од најрепрезентативните симболи на воениот парк што се гради во Дербент. Оригиналното авион воздушно летало беше раздолжено од единиците на Касписката флота и за него во иднина ќе се грижи администрацијата на овој град.

Ова летало го оствари својот прв лет пред 35 години. Беше произведено воздухопловното конструкторско биро КБ на Ростислав Алексеев. Димензиите на овој екраноплан се навистина импресивни. Леталото има распон на крилата од 44 метри. Неговата должина е 73,8 метри, а масата на полетување дури 380 тони. За време на тестирањето за „Луњ“ особено се заинтересира американското разузнавање. За таа цел беа ангажирани сите расположиви извидувачки сателити, а на мистериозниот објект му беше дадено името „Касписко чудовиште“, пренесува пренесува веб-порталот РГ.

Пет години по неговиот прв лет, џиновскиот екраноплан-ракетоносец „Луњ“ беше префрлен во оперативните единици заради почеток на фазата на опитно-боева експлоатација, пред воведувањето во вооружувањето. Ова летало го заработи епитетот „ракетоносец“ затоа што во своето вооружување имаше шест противбродски суперсоночни ракети „Москит“, кои се карактеризираат со низок профил на летање и самонаведувана боева глава. Овие ракети имаа таква разорна моќ што можеа да уништат површински брод со големина на носач на авиони. Со дополнителни резервоари за гориво, „Каспиското чудовиште“ можеше да „прелебди“ скоро 4000 километри. Нему не му влијаеја комплексните метеоролошки услови. Можеше да се користи во услови на поморска бура и високи бранови.

Меѓутоа, поради пропаѓањето на СССР, проектот беше целосно запрен. Изградбата на вториот модел на ова летало, која беше реализиран во обем од 95%, беше прекината, а „убиецот на носачи на авиони“ остана да лежи во производствениот парк на фабриката во градот Каспијск.

„Неверојатните размери и летечко-техничките карактеристики на ова летало создадоа легенда која сведочи за неговата современост. „Луњ“ секако ќе стане централна фигура на идниот воен парк „Патриот“, кој масовно ќе го посетуваат граѓани од цела Русија, ученици со нивните професори, организацијата „Јунармија “ и бројни младински движења и здруженија“, истакнува градоначалникот на Дербент Хизри Абакаров.

Во меѓувреме специјалистите започнаа да ја подготвуваат организацијата за транспорт на ова гигантско летало, што нема да биде воопшто едноставно. Тие треба да го преместат овој авион од кругот на Касписката флота во нова база. Сложената инженерска операција за транспорт ќе биде финансирана од вонбуџетски средства.

Прочитајте повеќе: Враќањето на „Каспиското чудовиште”: Советскиот екраноплан повторно актуелен