Неговите хонорари такси растат со геометриска прогресија. Првиот човек на УФЦ шампионатот Дејна Вајт изјави дека Хабиб Нурмагомедов е „тежок“ преку педесет милиони долари. Меѓутоа, во најскоро време таа бројка би можела да достигне сто милиони.
Интересно е тоа што заслугата за зголемувањето на популарноста на Хабиб му припаѓа токму на Мегрегор, неговиот најлут непријател. Ирецот ги пречекори сите граници на пристојноста, навредувајќи го Нурмагомедов многу пати за време на подготовките. Конор го подигна „треш токот“, во суштина обично фалење пред меч, претходно едноставно помошен комичен пи-ар елемент, на дотогаш невидено ниво. Одредена улога одигра воспитувањето на Хабиб во дагестанската традиција и неговата религиозност. Мекгрегор потоа стана негов вечен непријател.
Така се случи многумина од натпреварите навистина да го доживеат мечот како еден вид двобој. Токму затоа е и толкавиот одек и ситуацијата што борбата според рејтингот ги надмина светските првенства во фудбал. Натпреварот го следеа 61,7 проценти од машката публика во светот, од 14-59 години.
Победувајќи го Конор, Хабиб официјално доби 2 милиони долари, додека хонорарот на Мекгрегор беше 3 милиони. Меѓутоа, според зборовите на Ирецот, неговиот вкупен приход бил околу педесет милиони долари.
Покрај хонорарот за мечот на борците на УФЦ им припаѓа и дел од преносот на борбите (тнр. систем PPV, pay-per-view, плаќање за гледање). Имајќи ги предвид рекордните прегледи на борбата во Лас Вегас, токму благодарение на PPV, Конор можеше успеа да ги добие своите педесет милиони. Во тој случај вкупниот хонорар на Хабиб би можел да достигне дури 10 милиони долари.
Популарноста и приходите на Хабиб достигнаа невидени височини по борбата со Мекгрегор. Тој пред мечот во Лас Вегас имаше 6,5 милиони следбеници на „Инстаграм“, во март минатата година беа 14 милиони, а во моментов нивниот број достигнува 18,4 милиони.
По борбата против Мекгрегор, Хабиб и неговиот тим се во можност да ги диктираат своите услови и да бараат многу повеќе пари. После неполна година по Лас Вегас, Нурмагомедов лесно го совлада Американецот Дастин Порие во Абу Даби и ја одбрани титулата шампион во лесна категорија, со што на тој начин ја запиша својата 28-та победа во кариерата. За тој натпревар тој доби шест милиони долари, официјално највисокиот хонорар во историјата на УФЦ. Рускиот спортист на 18 април оваа година го очекува борба со уште еден Американец, Тони Фергусон во Бруклин, кога Нурмагомедов ќе добие чек на десет милиони долари.
Хабиб Нурмагомедов има триесет години, а досега честопати зборуваше дека нема намера да се бори до своите четириесет години како Фјодор Емелјаненко. Судејќи според сé, го очекуваат уште неколку борби по што ќе ја заврши кариерата. Токму затоа менаџерите на рускиот шампион планираат да заработат на последните гостувања на Хабиб невидени суми пари.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче