Абдулманап и Хабиб Нурмагомедови
Комсомольская Правда/Global Look PressАбдулманап Нурмагомедов, таткото и тренер на Хабиб, ги откри плановите на шампионот во УФЦ во лесна категорија. Следниот ривал на „Дагестанскиот орел“ сигурно ќе биде Тони Фергусон, и таа борба, според мислењето на Абдулманап, ќе стане најдобрата во историјата на УФЦ. А по тој спектакл, се ближи и крајот на кариерата на Хабиб, вели таткото.
„Нивото е сега на поинакво: созреаја нови момци, се појавуваат млади борци. Конкуренцијата е голема. А ние имаме свои амбиции. Уште две-три борби и Хабиб ќе мора да се повлече“, рече Амбулманап Нурмагомедов во интервју за YouTube-каналот FIGHT NIGHTS GLOBAL TV.
Во октагонот на УФЦ „дагестанскиот орел“ Хабиб Нурмагомедов има остварено 28 победи и досега е непобеден. А Абдулманап Нурмагомедов смета дека местото на Хабиб на тронот во лесна категорија може да го заземе друг борец од неговото училиште - 28-годишниот Ислам Махачев.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче