Обраќање на претседателот на РФ Владимир Путин до Федералното собрание, 15.01.2020.
Kremlin Pool/Global Look PressРусија за прв пат во историјата стана светски лидер во сферата на вооружувањето областа, изјави во средата претседателот на РФ Владимир Путин во годишното обраќање пред Федералното собрание.
„Ние никому не му се закануваме и не тежнееме да ја наметнеме својата волја, но секој нека биде сигурен дека нашите чекори насочени кон јакнење на националната безбедност се направени благовремено во доволна мера“, истакна тој.
Според Путин, Русија во моментов е водечка земја во сферата на развој на модерно оружје. „За прв пат, потенцирам, во историјата на ракетно-нуклеарното вооружување, вклучувајќи го и советскиот период и современото доба, никого не достигнуваме. Напротив, останатите водечки држави во светот допрва треба да го направат оружјето кое Русија веќе го поседува“, рече Путин.
Тој истакна дека одбранбената моќ на Русија е обезбедена за следните неколку децении, но „не треба да почиваме на ловорики и да се опуштаме“. „Треба да се оди напред внимателно, следејќи и анализирајќи ги светските настани во оваа сфера, да се развиваат борбени системи и нови генерации на оружје. Денес токму тоа и го правиме“, заклучи претседателот на Русија.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче