Жители на Норилск ги покри снег додека седеа во автобус (ВИДЕО)

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Жители на Норилск по сообраќајна несреќа во реонот на реката Далдикан поминаа повеќе од половина час во снег во градски автобус. Снимката, направена во автобусот, беше објавена на „Инстаграм“.

На снимката се гледа како снегот што го носи ветерот паѓа по патниците во автобусот. Луѓето седат со качулки и се обидуваат да се сокријат од ветрот.

Според навeдените информации, возачите на возилата кои учествувале во сообраќајната несреќа ја чекале полиција. Кога припадниците на сообраќајната полиција ги отстраниле возилата, сите се разотишле.

На 31 декември во Норилск беше објавен метеоаларм: се очекуваа снег и налети на ветар со брзина до 22 метри во секунда, а на некои места и до 30 метри во секунда, температура до -17 Целзиусови степени. На норилскиот аеродром беа откажани сите летови.