Снегот покри руски град среде лето

Типичный Норильск
Ова не е првпат жителите на Норилск да се соочат со каприците на мајката природа.

Животот очигледно не е доволно тежок за 175000 Руси кои живеат во Норилск, важен рударски и индустриски центар во Арктичкиот круг. Сега, времето реши да ја стави на ненадеен тест решителноста на граѓаните.

Влажен снег го покри градот на 20 јули, збунувајќи ги локалните жители и провоцирајќи бурни реакции на интернет.

Објавувајќи видеа за аномалијата, жителите го криеја своето легитимно изненадување зад маската на самодоверба, придавајќи му малку важност на настанот. „20 јули. Норилск. Така е како што е“, вели воздржан глас во позадина.

20.07.2018 с первым снегом 🙈🙈🙈

A post shared by 🌸🌸🌸Inga🌸🌸 (@inga121211) on

Лето...

A post shared by Михаил Пикин (@mihail_pikin) on

Иако Норилск се наоѓа над Северниот поларен круг, снегот на средина на летото е сè уште невообичаен, бидејќи температурите се во просек од 15 степени Целзиусови од јуни до август и кога има поларни ноќи.

Сепак, ова не е прв пат Норилск да види снежни врнежи среде лето. На 15 јуни, еден локален жител сними видео со деца како пливаат во џиновска локва среде нечисти снежни наноси.

Во уште една чудна епизода, црвен дожд неодамна се истури на улиците на Норилск и беше наречен „крвав дожд“. Градот е познат по својата метална индустрија која најверојатно е причина за морничавиот инцидент.

Прочитајте повеќе за животот во Норилск, најсеверниот град во светот

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња