Путин: Јас всушност не пијам чај, пијам алтајски тревки

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND
Путин не оди на преговори без својот бел термос. А сега знаеме и што има во него.

Претседателот на Русија Владимир Путин рече дека место црн чај пие чај од алтајски тревки.

„Знаете, јас дури и не пијам црн чај... пијам чај од тревки од Алтај“, рече Путин на состанокот за прашања од земјоделството и руралните краеви.

Интересно е што годинава, на официјална вечера во јапонскиот град Осака медиумите снимија како рускиот претседател се чукнува со своите колеги-претседатели со термос-чаша. „Работата е во тоа што Путин постојано пие чај од тој термос“, одговори тогаш Песков.

Патем, рускиот претседател е голем љубител на алтајската природа.