Путин како моден трендсетер: Во Кина настана помама по термос-чашата на рускиот претседател

Термос-чаша слична на онаа од која претседателот на Русија Владимир Путин пиеше чај на вечерата на лидерите на Г-20 на самитот во Осака стана вистински хит на најголемата кинеска платформа за купување преку интернет „Таобао“, пренесува кинескиот весник „Глобал Тајмс“.

Голем број онлајн-продавници почнаа да примаат нарачки за белата термос-чаша со златниот грб на Русија. Ветуваат дека репликата на чашата на Путин ќе ја испорачаат во рок од две недели. Според објавениот скриншот може да се заклучи дека цената се движи од 50 до 200 јуани (од околу 5 до 25 евра).

Како што се наведува, чашата стекна популарност по информациите што ги пласираа кинеските медиуми. Претставник на една од продавниците изјави за „Глобал Тајмс“ дека тие ја нудат таквата термос-чаша како „висококвалитетна“ и „корисна за здравјето“ и додаде дека добиле повеќе од сто нарачки.

На вечерата на лидерите на Големите дваесет претседателот на Русија Владимир Путин пиеше и наздравуваше со бела термос-чаша. Портпаролот на шефот на руската држава Дмитриј Песков објасни дека се работи за чаша од која рускиот лидер постојано пие чај. Првпат со оваа термос-чаша во бела боја со грбот на Русија Путин се појави 2014 година.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња