Тројца руски спортисти се обидоа во Симферопол на Крим, по втор пат оваа есен, да повлечат десет вагони и два електрични воза чија вкупна тежина е 800 тони.
Како што пренесува РИА „Новости“, ова се само проби, а самото влечење на композицијата за рекорд ќе биде изведено кон крајот на декември, кога првиот патнички воз ќе помине преку новоизградената делница на Кримскиот мост, најдолгиот во Русија и Европа.