Руски снагатор прв на светот повлече 43 тони товар и со дување распука термофор

Скриншот - ТВ 360
Познатиот подмосковски снагатор, претседател на локалното одделение на Рускиот спортски младински сојуз (РосМолСпорт) Сергеј Агадџањан изведе комплициран потфат каков што никој друг на светот нема направено: повлече шлеп-возило за автобуси МАН заедно со прикачен мини-автобус.

Вкупната тежина на овој товар беше над 43 тони. Притоа Сергеј, како и обично, дувајќи распука трилитарски медицински термофор.

„Беше тоа одличен тренинг во рамките на подготовките за влечење на авион по повод одбележувањето на 75-годишнината од Големата Победа“, рече 42-годишниот Агадџањан за порталот „Подмосковje денес“. „Благодарам за поддршката на Видновското претпријатие за автобуски транспорт и членот на управата на РосМолСпорт Игор Ковров“.

Според рускиот снагатор, временските услови биле тешки. Освен тоа, неколку дена претходно на тренинг се повредил.

„Беше лизгаво, иако земјата ја посипавме со песок. Врнеше ситен снег“, вели Сергеј. „Работам со големи товари и три дена пред овој потфат на тренинг го истегнав седалниот мускул и задниот дел од бутот. Но, не го откажав планот, бидејќи повредите се вообичаена појава во нашата работа“.

Агадџањан го очекува нова етапа на подготовки за главниот настан во мај 2020 година.

„Следниот пат ќе изведам екстремен потфат за влечење шлеп-возило заедно со автобус од 9 тони“, рече Сергеј. „Вкупната тежина ќе биде околу 50 тони. Дали ќе го распукам термофорот? Задолжително!“

Годинава снагаторот од градот Љуберци веќе влечеше борбено возило со ракетен фрлач „Катјуша“, хеликоптери „Ми-8“ и „Ми-17“, противпожарен камион ЗИЛ, воен оклопен автомобил „Тигар“, трамвај „Анушка“, стара локомотива ТУ2, лондонски даблдекер и бродот „Вештиот Олег“ тежок 170 тони.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња