Необична средба: Амурски тигар следи возило на пат во Хабаровскиот крај

Global Look Press
Стручњаците од центарот „Амурски тигар” го проверуваат местото кај Хабаровск каде што на патот излезе тигар. Животното го снимија очевидци, соопшти центарот.

На „Инстаграм“ е објавена снимка направена од возило. На неа се гледа еден тигар како стои во шумата крај патот. Кога ќе го здогледа автомобилот, тигарот излегува од шумата и некое време се движи по патот полека чекорејќи зад возилото, гледајќи го љубопитно, пренесува РИА „Новости“.

„Очевидци снимија тигар во реонот на Змискиот рид во Хабаровскиот крај. Видеото го споделија со нас колегите од @fareast_khv. Веќе го проверуваме местото на настанот“, се вели во соопштението.

Се додава дека луѓето што го снимиле видеото постапиле правилно. Не го напуштија возилото и продолжија да се движат. „Почитувајте ги правилата на однесување при средба со опасно животно“, предупредуваат стручњаците од центарот.

Амурскиот тигар е еден од најзагрозените видови на диви животни на планетата. Според податоците од есента 2019 година, вкупниот број на овие мачки во Русија е 580-600 единки. Следната процена на бројот на тигри на Далечниот исток на Русија ќе биде извршена зимата 2021-2022 година.

Погледнете повеќе: По руската тундра се движи бела мечка на чие крзно некој напишал „Т-34“ (ВИДЕО)

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња