Пеш
Legion Media
Тоа е секако најсигурниот начин. На овие суперхерои не им пречат ни жештините, ни дождовите, ни мразот.
Со велосипед
Михаил Терешченко / TASS
Градската мрежа за изнајмување велосипеди е неверојатно популарна кај разнесувачите на храна. За секој случај, иставете им се од патот, затоа што брзаат да ја достават нарачката, а користењето велосипед е бесплатно само првите 30 минути.
Со автобус
Legion Media
Среќниците кои имаат месечен билет „Тројка“ за неограничено возење уживаат во топлото седиште и бесплатната Wi-Fi конекција.
Со електричен скутер
Михаил Терешченко / TASS
Овие момци се уште пожестоки од велосипедистите. Многумина имаат обични тротинети, но има и фаци од „висока класа“ со брзи електрични скутери. Тие со голема брзина возат слалом меѓу пешаците и како стрели минуваат низ просторот и времето, игнорирајќи го метежот во сообраќајот.
Со метро
Pikabu
На оваа фотографија „малиот зелен“ се спуштил во метрото. Тој не игра според правилата... А и торбата му е поголема од вообичаеното... Во тој момент го мразат сите луѓе околу него. Замислете си само какви мириси на храна се шират од неговиот багаж, а луѓето можеби сè уште не ручале.
Со тролејбус
Pikabu
Поточно, ЗАД тролејбус... Се чини дека снаодливоста е еден од главните услови за прием на оваа работа.
На скии
Pikabu
Зимите во Русија се студени. Понекогаш е полесно да се помине по градските улици на скии.
На лизгалки
Лизгалиштата во Русија се огромни, па затоа не треба да се чудите ако ова навистина било достава на храна од едниот крај на лизгалиштето до другиот.
На крилјата на љубовта
Архимемариус
Современата приказна за Ромео и Јулија од две конкурентски компании го освои рускиот Интернет. Дури и раководството се стопи од милина и на вљубените им плати патување во Париз.
Во лет
Овие момци ќе сторат сѐ за да ја достават нарачката навреме. Тие дури не ги почитуваат ни законите на физиката во судирот со конкуренцијата. Корисниците на интернетот сметаат дека ликовите на фоторгафијата изгледаат многу како Шкорпионот и Рептилот од „Мортал Комбат“.