Корисникот на социјалната мрежа „Твитер“ од Новосибирск @KAHN_KUN објави пред два дена фотографија на која се снимени курири на лутите конкурентски сервиси за достава на храна Яндекс.Едa и Delivery Club како во близина на еден пешачки премин се гушкаат во „полна воена опрема“.
Фотографијата за помалку од 24 часа се прошири по медиумите и социјалните мрежи иако не беше познато дали актерите од фотографијата го знаат тоа и дали се свесни за својата популарност.
Веста за вљубениот пар од фотографијата стигна пред два дена во вечерните часови и до самите сервиси за достава на храна. Претставниците на компанијата Delivery Club рекоа за руските медиуми дека трагаат по наведеното момче и девојката за да им подарат викенд-патување во Париз. Компанијата има во план да ги сноси трошоците за летот и хотелското сместување.
Сервисот Яндекс.Еда се обврза дека во градот на вљубените ќе ги сноси трошоците за култура, како што се посета на Лувр, Ајфеловата кула и Дизниленд, како и за романтична вечера во ресторан од водичот на Мишелин.
Корисниците на социјалните мрежи веќе го нарекоа вљубениот пар Монтеки и Капулети алудирајќи на Шекспировата трагедија „Ромео и Јулија“, ставајќи ги притоа во улога на непријателските семејства од Верона конкурентските компании во кои работат овие млади луѓе.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче