Рускиот пилот и херој, кој спаси луѓе со слетување во пченка, сега го крие своето име од патниците

Дамир Јусупов

Дамир Јусупов

Алексеј Колчин/Sputnik/Global Look Press
Пилотот Дамир Јусупов, кој во август годинава успешно приземји авион „Ербас А321“ во пченка недалеку од московскиот аеродром „Жуковски“, објасни зошто престанал да им се претставува на патниците пред лет.

„Порано ги поздравував патниците, велејќи „ви се обраќа капетанот на екипажот Дамир Јусупов“. Но, по тој вонреден случај, луѓето премногу емоционално реагираат кога ќе ми го слушнат името. Премногу се возбудуваат. А не е добро што патниците се толку возбудени“, изјави Јусупов за медиумите.

Еден месец по тоа слетување во пченка, тој првпат им се претстави на патниците и тоа, според него, дополнително ги исплашило кога авионот наишол на турбуленции.

„Потоа повторно престанав да го кажувам моето име“, вели пилотот.

На 15 август годинава авион „Ербас А321“, кој ѝ припаѓа на компанијата „Уралски авиолинии“, полета од Москва за Симферопол, но принудно слета во близина на аеродромот „Жуковски“ во Подмосковје. Додека полетуваше во двата мотори влетаа галеби, по што моторите откажаа и се запалија.

Командирот на екипажот Дамир Јусупов и вториот пилот Георгиј Мурзин го спуштија авионот во поле со пченка. Во авионот имаше 226 патници и сите беа евакуирани.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња