Во Екатеринбург, пред почетокот на фудбалскиот натпревар на локалниот клуб „Урал“ и самарскиот тим „Крила на Советов“, на теренот излегооа сите шест члена на екипажот на авионот на авиокомпанијата „Уралски авиолинии“, кои насилно го спуштија авионот А321 во поле со пченка во Подмосковјето и ги спасија животите на 226 патници.
Кога спикерот ги прочита имињата на пилотите и стјуардесите, на трибините одекна бурен аплауз. Многуте гледачи на стадионот „Екатеринбург-Арена“ ги дочекаа овие херои стоејќи. Потоа Дамир Јусупов прв ја шутна топката.
Сите натпревари од шестото коло на руската Премиер лига започнуваат со аплауз во чест на екипажот на авионот А321. Пред тоа, екипажот на авионот беше на ист начин поздравен од гледачите на натпреварите на Фудбалската национална лига.
На 15 август авион на авиокомпанијата „Уралски авиолинии“ кој леташе од Москва за Симферопол слета во поле со пченка во Подмосковје. Во авионот имаше 234 лица. Авионот мораше да слета бидејќи неколку галеби влетаа во мотор кој се запали. Сите патници преживеаја. Владимир Путин ги награди со Орден херој на Русија двајцата пилоти, Дамир Јусупов и Георги Мурзин.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче