Доделени станови на членовите на екипажот на авионот што слета во поле со пченка

Комсомольская правда/Global Look Press
Сите станови се наоѓаат во ист влез, на различни катови.

Губернаторот на Свердловската област Евгениј Кујвашев им ги врачи клучевите од новите станови на пилотите и на останатите членови на екипажот на авионот „Ербас А-320“ што принудно слета во поле со пченка во близина на аеродромот „Жуковски“. Како што пишува порталот Е1, церемонијата на доделувањето на станови е изведена во рамките на финалето на Светскиот куп во бокс, на кое првиот човек на регионот го покани целиот екипаж.

„Се разбира, благодарни сме ви на сите вас. Горди сме на она што го сторивте. Секогаш ќе го паметиме и почитуваме тоа. Стопанствениците од нашиот град не можеа да останат рамнодушни“, рече Евгениј Кујвашев.

Членовите на екипажот му се израдуваа на подарокот. Капетанот на екипажот Дамир Јусупов, изјави за порталот URA.ru дека неговото семејство има станбени проблеми.

Еднособни станови во нова зграда станбената населба Краснолесје во Екатеринбург добија капетанот на екипажот Дамир Јусупов, вториот пилот Георгиј Мурзин, постариот стјуард Дмитриј Ивлицки, стјуардесите Надежда Вершинина, Алија Сљакаева и Јана Јагодина и стјуардот Дмитриј Ивлицки.

Авионот „Ербас А321“ на компанијата „Уралски авиолинии“ што леташе од Москва за Симферопол на 15 август принудно слета во поле со пченка без спуштени тркала и со полн резервоар. До вонредната состојба дојде кога авионот налета на јато галеби и неколку птици се најдоа во двата мотора. Еден мотор се запали. Пилотите кои го спуштија авионот беа наградени со звањето Херој на Русија.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија
Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња