Во гаража во Русија пронајдени над 4000 шверцувани желки

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND
Во една гаража во Оренбуршката област во Русија припадниците на руското МВР пронајдоа над 4000 копнени средноазиски желки кои преку нелегални канали пристигнале од Казахстан.

Приведениот Русин и државјанката на една средноазиска земја се наоѓаат во куќен притвор, односно зад решетки. Желките најдоа привремено засолниште на Ветеринарниот факултет на Оренбуршкиот државен аграрен универзитет, пренесува телевизија „Ѕвезда”.

Прелиминарната истрага продолжува.

Патем, според пишувањето на руските медиуми, ова не е првпат во Оренбург да пристига криумчарена жива роба од Казахстан, па така во 2016 година е забележан обид да се пренесат 8 илјади влекачи, а во јуни годинава над 4 илјади.

Желките се внесени во Црвената книга на РФ. Овој вид влекачи е заштитен со Конвенцијата за меѓународна трговија со загрозени видови дива фауна и флора и е наведена во Црвената книга на Руската Федерација.

Прочитајте повеќе: Од московски аеродром вратени дваесет милиони инсекти во Велика Британија