Како што се наведува на сајтот на управата на „Россељхознадзор“ за град Москва, Московската и Тулската област, вработените во „Россељхознадзор“ задржале на аеродромот „Внуково“ преку 20 милиони живи инсекти кои пристигнале од Велика Британија. Инцидентот се случил на 14 август на пограничната ветеринарна станица Внуково-Карго. Како што се прецизира во соопштението на рускиот ресор, од Велика Британија пристигнала партија живи инсекти составена од 20050000 единки чија регистрација е стопирана.
Како причина се наведуваат нерегуларности, меѓу кои се отсуство на придружна ветеринарна документација, како и дозвола од „Россељхознадзор“ за увоз на контролиран товар. Партијата, според пишувањето на руските медиуми е вратена назад во Велика Британија.
Претходно научниците предупредуваа дека на Русија ѝ се заканува еколошка катастрофа поради сѐ поголемениот број бубачки-штетници кои пристигнале во земјата од други земји. Според научниците, агресивните „странци“ ги потиснуваат локалните видови, со самото тоа нарушувајќи ја еколошката рамнотежа, пишува МК.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче