Кинески функционер за пријателството на Владимир Путин и Си Ѓинпин

Reuters

Заменик-министерот за надворешни работи на Кина Ле Јученг во интервју за „Блумберг“ зборуваше за пријателските односи на претседателите на Русија и на Кина Владимир Путин и Си Ѓинпин, пренесува агенциjата РИА „Новости“.

„Пријателските контакти на претседателот Си Ѓинпин и Путин им оставија силен впечаток на сите... Тие патуваа со воз, гледаа хокеј, се возеа по Нева, печеа палачинки, за што многу се зборуваше во јавноста“, рече Ле Јученг во интервјуто за „Блумберг“.Tранскриптот на интервјуто е објавен на веб-страницата на Министерството за надворешни работи на Кина.

Како што истакна тој, во изминатите шест години двајцата лидери се сретнале триесет пати, во просек пет пати годишно. Тој зборуваше и за подарокот на рускиот претседател на Си Ѓинпин за неговиот 66-ти роденден.

„На Конференцијата за мерките за јакнење на соработката и довербата во Азија во јуни во Душанбе, Путин донесе од Москва торта со која се упати во резиденцијата Ѓинпин за да му го честита роденденот. Тоа беше многу убава честитка”, рече кинескиот функционер.

Тој рече дека средбата протекла во пријателски разговор, за време на кој Путин и Ѓинпин се послужиле со торта и пијалок.

На Петтиот источен економски форум Путин го истакна придонесот на Кина во развојот на економијата на рускиот Далечен Исток испраќајќи му на Ѓинпин најсрдечни пријателски поздрави.

Прочитајте повеќе: Си Ѓинпин го нарече Путин „најблизок пријател“

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња