Путин стана почесен доктор на науки на водечкиот кинески универзитет на кој студирал Си Ѓинпин

Reuters

Претседателот на Русија Владимир Путин беше прогласен за почесен доктор на науки на универзитетот Цингхуа, еден од водечките во Кина и светот, на кој, инаку, студирал и актуелниот шеф на оваа држава Си Ѓинпин, но и неговиот претходник Ху Ѓинтао. На свеченоста одржанана во хотелот „Пријателство” во Пекинг, докторатот на Путин му го врачи ректорот на универзитетот Ци Јун, пренесуваат руските медиуми.

Путин рече дека е голема чест да се биде почесен доктор на науки на еден од најдобрите универзитети во Кина, кој спаѓа во десетте водечки високообразовни установи во светот, истражувачки и образовен центар на глобално ниво.

Си Ѓинпин рече дека се радува што докторатот на универзитетот му е врачен на неговиот „најдобар пријател“.

Универзитетот Цингхуа е основан 1911 година, и спаѓа во деветте елитни универзитети во Кина.
Обраќајќи им се на студентите, рускиот лидер им порача на овие млади луѓе да го насочат својот интерес кон иднината. „Одберете го она што е најдобро и гледајте во иднината, придонесете како што ние денес правиме со развој на добри односи меѓу нашите две земји, меѓу народите на Русија и Кина“, рече тој.

Владимир Путин вчера пристигна во Пекинг, каде учествува во форумот „Еден појас, еден пат“.

Прочитајте повеќе: Си Ѓинпин му го подари на Путин „Легендарниот коњ на Големиот пат на свилата” (ВИДЕО)

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња