Руската егзархија во Европа примена во Руската православна црква

Храмот „Христос Спасител“, Москва

Храмот „Христос Спасител“, Москва

Комсомольская правда/Global Look Press
Светиот синод на Руската православна црква го прими поглаварот на Руската егзархија, архиепископот Јован (Ренет), под јурисдикција на Московската патријаршија.

Во своето обраќање архиепископот Јован ја изрази аспирацијата на Архиепископијата на западните парохии во руски стил и понатаму да продолжи да постои така што ќе прејде под јурисдикција на Руската православна црква на Московската патријаршија, беше соопштено на сајтот на РПЦ во саботата на 14 септември. Светиот синод ја донесе одлуката откако ја разгледа спомнатата претставка.

Под закрила на РПЦ се примени и сите свештеници кои го сакаат тоа, доколку се под раководство на архиепископот Јован, како и парохиите кои ќе изразат таква желба. Се соопштува дека Јован е примен во РПЦ со титулата „Дубнински“.

Во ноември 2018 година Константинопол донесе еднострана одлука за распуштање на Руската егзархија. На свештенството и верниците на оваа егзархија им беше понудено да прејдат под јурисдикција на локалните грчки архиереи, но Архиепископија не се согласи на тоа и почна да бара варијанти за својот понатамошен развој. Во август 2018 година Московската Патријаршија ѝ предложи на Руската егзархија да се присоедини кон Руската православна црква и да го зачува својот типик и традициите.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња