Ова во интервју за РИА „Новости“ го соопшти по посетата на Дамаск митрополитот Иларион, раководител на Одделението за надворешни црковни односи на Московската патријаршија.
Тој беше на чело на меѓурелигиската делегација во Сирија која, освен свештеници од Руската православна црква, ја сочинуваат претставници на исламот, протестантизмот, како и администрацијата на претседателот на Руската Федерација.
„Со антиохискиот патријарх разговаравме за цела низа хуманитарни проекти. Ќе помагаме во обновата на разурнатите храмови. Ќе го продолжиме започнатиот проект на лекување и рехабилитација на деца повредени во војната. Се работи за деца кои во експлозии ги загубиле екстремитетите. Три такви деца веќе лекувавме во Москва“, изјави митрополитот Иларион.
Според него, освен изработка на протези и лекување, на децата им е неопходна и психолошка рехабилитација. „Децата кои доаѓаа кај нас воопшто не се насмевнуваа. А по рехабилитацијата се смееја и разговараа. Нашите лекари направија голема работа за рехабилитација на тие деца: работеа со нив неуморно секој ден”, рече соговорникот на агенцијата.
На повредените деца им е потребна и обука. „Освен изработка на протези, децата треба да се научат и како да ги користат. Освен тоа, едно дете практично беше слепо, ослепел во експлозија. Тој мораше да го научи и Браевото писмо и многу други нешта. Целата таа работа ќе ја продолжиме и во иднина колку што ќе ни дозволат можностите“, додаде митрополитот Иларион.
Тој истакна дека се обратил до шефот на администрацијата на рускиот претседател „со молба да пронајде луѓе кои можат да помогнат во финансирањето на овие програми, затоа што се многу скапи“. Во состав на делегацијата во Сирија со претставниците на верските заедници беше и референтот на управата на претседателот на Русија за внатрешна политика Сергеј Мељников. „Тој е упатен во сите проекти и ни помага. Се надевам дека ќе можеме да собереме доволно средства за да доведуваме деца на лекување во Русија“, рече митрополитот Иларион.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче