Претседателот на UFC: Хабиб не е далеку од звањето најдобар во историјата на борбата без правила

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА

Претседателот на UFC Дејна Вајт вели дека Хабиб Нурмагомедов наскоро може да го стекне звањето најдобар борец во историјата на тој спорт.

Хабиб минатиот викенд си ја врати титулата шампион на UFC во лесна категорија во борбата со Дастин Поарје, кој беше шампион за време на 11-месечната суспензија на Хабиб поради инцидентите по борбата со Конор Мекгрегор.

„Хабиб беше неверојатен“, ја коментираше борбата Дејна Вајт. „Тој доминираше. Беше малку драматично кога Дастин за малку не реши сè во своја корист со „гилотина“. Многумина не би се извлекле од тој зафат, но Хабиб е толку добар што успеа. Хабиб е посебен. Мислам дека од звањето најдобар во историјата на борбата без правила го делат неколку победи. Да се остане толку долго непобеден (28-0) во толку силна конкуренција е неверојатно. Неговата кариера е посебна“, рече Дејна Вајт. 

Прочитајте повеќе: Каде израснал Хабиб, шампионот на УФС: Репортажа од фабриката на најдобриот борач на светот