Капетанот на рускиот авион што принудно слета во поле со пченка им се извини на патниците

Комсомолскаја правда/Global Look Press
Дамир Јусупов, капетанот на авионот Airbus A321 што принудно слета во поле со пченка во близина на градот Жуковски, им се извини на патниците поради тоа што не успеа да ги превезе до дестинацијата.

„Единствено што можам да им кажам на патниците е: жал ми е што не успеав да ги превезам до дестинацијата (во Симферопол). Разговарав со некои од нив кога го обиколував авионот. Им посакувам на сите на повредени брзо закрепнување, здравје и да не се плашат повторно да летаат со авион“, рече Јусупов, пренесува ТАСС.

Претходно екипажот на авионот се врати во Екатеринбург. Авионот А321 на авиокомпанијата „Уралски авиолинии“ што леташе на линија Жуковски-Симферопол, налета на јато птици по полетувањето. Моторот се запали и отпадна од авионот.

Дамир Јусупов

Капетанот на авионот Дамир Јусупов изјави дека не се смета себеси за херој затоа што тој само го сторил она што требало.

Претходно во петокот, 16 август, службите за итни случаи во Подмосковје соопштија дека повеќе од 150 патници на авионот „Ербас А321“ што принудно слета во поле со пченка во близина на градот Жуковски, одбиле да го продолжат патот до Симферопол со авион.

Прочитајте повеќе за овој неверојатен настан: 

Галеби од депониите принудија руски пилот да направи чудо во поле со пченка во близина на Москва

„Сега стварно верувам во Бог!“: Впечатоци на патници по слетувањето на авион во поле со пченка

„Авионот ни се урна, жив сум”: Мајка на патник на Airbus A321 го пренесе својот разговор со синот

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња