НАТО: Ако пилотот на F-18 не реагираше брзо, ќе дојдеше до судир со рускиот ловец Су-27

Youtube
Маневарот на рускиот ловец Су-27, кој го принуди борбениот авион на НАТО F-18 да се оддалечи од леталото во кое беше рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу, беше небезбеден, истакнаа од НАТО.

„Откако нашите пилоти ги утврдија вистинските намери на леталото, тие направија свртување налево за да се оддалечат од авионот што беше предмет на пресретнувањето. Во меѓувреме, еден руски ловец Су-27 исто така изврши маневар со свртување налево, при што за малку не ја пресече патеката на еден од авионите F-18, што беше небезбедно“, пренесува интернет-порталот ТАСС.

Претставникот на НАТО рече дека потенцијално опасната ситуација е избегната „благодарение на брзата и професионална реакција“ на пилотот кој управувал со авионот F-18.

Како што наведува интернет-порталот Взгљад, група НАТО ловци F-18 (2) се обидела да му се приближи на авионот на руското Министерство за одбрана кој се движел над неутралните води на Балтичкото Море. Меѓутоа, љубопитните „натрапници“ притоа избркани од борбените авиони кои го придружуваа авионот со министерот Сергеј Шојгу. Според руските медиуми, во ловечката придружба се наоѓале повеќенаменски борбени авиони Су-27П и Су-35С. Од НАТО изјавија дека операцијата на пресретнување на рускиот авион ја извеле ловци на шпанското воено воздухопловство со цел негова идентификација.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија
Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња