Руски воен експерт со коментар за приближувањето на ловецот на НАТО до авионот на Шојгу

Су-27 против F-18 над Балтичкото море

Су-27 против F-18 над Балтичкото море

Интернет-портал „Бог-рата“ (mars.online)
Од НАТО сојузот објаснија која била целта на нивниот авион-ловец F-18 „Хорнет“, кој вчера се приближи до патничкиот авион на рускиот министер за одбрана. „Со летало во кое се наоѓа рускиот министер за одбрана не треба да се шегувате“, истакнува воениот експерт Александар Жилин.

Од НАТО сојузот дадоа коментар на инцидентот што се случи вчера кога еден авион-ловец на овој сојуз (F-18 „Хорнет“) му се приближи на руски неборбен авион во кое се наоѓаше министерот за одбрана на РФ Сергеј Шојгу. Тие соопштија дека пилотот на F-18 сакал визуелно да го идентификува авионот.

Претставници на оваа организација соопштија за рускиот интернет-портал „РИА Новости“ дека рускиот авион се движел во близина на воздушниот простор на земји кои се дел од НАТО и дека кон овој авион е упатена група ловци од составот на сојузничките воздухопловните сили на сојузот кои учествуваат во мисијата за воздушно патролирање над Балтичкото море. „Кога е утврдена идентификацијата на авионите, ловците се вратија во нивната база“, пренесе официјален претставник на оваа организација. Според него, алијансата немала информации за тоа кој се наоѓал во рускиот авион во тој момент.

Имено, вчера руското Министерство за одбрана соопшти дека еден авион-ловец F-18 на НАТО се обидел да му се приближи на службениот патнички авион во кој се наоѓал Сергеј Шогу. Сето тоа се случило над неутралните води на Балтичкото Море. Имено, министерот Шогу се враќаше од Калининград во Москва преку неутралната акваторија на Балтичкото Море, придружуван од два авиона-ловци Су-27 од составот на Балтичката флота. Бидејќи „натрапникот“ премногу се приближил до патничкиот авион во кој се наоѓал рускиот министер, ловечката придружба презела прецизно утврдени мерки и со елегантен маневар го избркала љубопитниот придружник подалеку од авионот.

Целата оваа ситуација за радио „Спутник“ ја прокоментира рускиот воен експерт и прв човек на Центарот за проучување на проблеми на националната безбедност полковник Александар Жилин.

„Ловечките авиони кои го придружуваа леталото со нашиот министер дејствуваа во согласност со правилата, и неагресивно. Сѐ се заврши мирно, без никакви индикации кои би довеле до потенцијален конфликт. Воздушното летало на рускиот министер за одбрана не е за играчка. Се надевам дека во НАТО сојузот нема самоубијци кои би започнале војна. Значи, ова беше вообичаен случај“, смета рускиот воен експерт.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња