Братот на Џулија Робертс му донесе на Путин „спортски Оскар”

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND
Холивудскиот актер Ерик Робертс, брат на акерката Џулија Робертс, кој го посети меѓународниот турнир во борбено самбо „Платформа S-70“ во Сочи, соопшти на претседателот на Русија Владимир Путин му донел „спортски Оскар“.

„Се надевам дека овие подароци ќе му бидат врачени на претседателот на Русија Владимир Путин. Тоа е наградата светски спортски оскар“, рече Робертс во своето обраќање на церемонијата на доделување на наградите, пренесува РИА „Новости“.

На турнирот победи репрезентацијата на Русија со резултат 6:5.

Ерик Робертс беше почесен гостин на десеттиот јубилеен турнир во професионално борбено самбо „Платформа S-70“ во Сочи. Тој е носител на црн појас во теквондо и често зборува за својата љубов спрема борбените вештини.

Минатата есен, Ерик Робертс изјави дека не би имал ништо против да добие руски пасош.

Прочитајте повеќе: Што вежба Путин за да остане во форма