„Има оган, храброст и младост во претседателот на Русија. Тоа е мојот впечаток. На пример, за да возите мотоцикл по нагорнина, и тоа возејќи двајца патници, од кои секој е двојно потежок од возачот, морате мајсторски да владеете со возилото. Тоа не е едноставно ни за човек со големо искуство. Изгледа како претседателот секој ден да оди во Кремљ со мотор. Нашиот претседател без проблем се снаоѓа и на мотоцикл и во камион “, изјави Хирург за РИА „Новости”.
Тој истакна дека доаѓањето на Путин на бајкерското шоу било неочекувано.
„До последниот ден никој не веруваше во тоа. Иако, се разбира, доаѓањето на претседателот беше логично нешто. „Ноќните волци“ полнат 30 години, поминаа пет години од „Руската пролет“, а десет години од судбоносниот бајкерски настана во Севастопол. Сето тоа не можеше да помине незабележано“, додаде Залдостанов.
Reuters
Минатата недела Путин го посети меѓународното бајкерско шоу во Севастопол во организација на „Ноќните волци“. Тој пристигна таму возејќи мотоцикл „Урал“ со приколка во друштво на претседателот на Крим Сергеј Аксонов и вршителот на должноста губернатор на Севастопол Михаил Развожаев. Минатиот мај, зад воланот на камион „Камаз“, Путин ја предводеше колоната од околу десет камиони кои први го преминаа мостот над Керченскиот теснецот. По возењето, шефот на руската држава изјави дека изградбата на мостот е изведена квалитетно и во рокот.