По јавните апели сибирските шумски пожари станаа приоритет

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND
Руските власти одлучија да ги изгаснат пожарите откако медиумите го свртеа вниманието кон овој проблем.

Масивни пожари уште еднаш ги погодија Сибир и рускиот Далечен Исток летово. Пожарот се прошири на огромна површина од над 30000 квадратни километри и чадот покри многу големи градови во регионот.

Пожарите можат да се видат од вселената, но сепак се водеа дебати меѓу официјалните лица и јавноста за тоа дали е потребно државата да се ангажира во гаснењето на истите.

Одекот во медиумите го сврте вниманието на јавноста кон проблемот и превагнаа гласовите на оние кои се залагаат за активно сузбивање на пожарите.

Претседателот на Русија ѝ нареди на војската да ги здружи напорите со локалните пожарникари и владата вети дека ќе издвои 6 милијарди рубли (91,6 милиони долари) за таа намена.

Во меѓувреме, авионите и хеликоптерите секојдневно се во мисии за гаснење на пожарите. Нови видеа и фотографии постојано се појавуваат на интернет.

Војската префрли 10 авиони Ил-76 и 10 воени хеликоптери на аеродромот во Краснојарск за да се борат со пожарите.

Еден авион АН-26 полета од аеродромот во Иркутск со необична задача: вештачки да предизвика дожд во регионот со прскање на неорганското хемиско соединение сребро јодид во облаците.

И Бе-200, познатиот амфибиски авион, учествува во гасењето.

Погледнете уште неколку фотографии: 

Прочитајте повеќе: Зошто беснеат пожари во Сибир?