Авионите и хеликоптерите на руската армија и понатаму се вклучени во големата операција за гаснење на шумските пожари што избувнаа претходниве денови на огромното сибирско подрачје. Тие досега успеаја да ја совладаат огнената стихија што зафати 690 илјади хектари територија, пренесува информативната служба на Министерството за одбрана на Русија.
Според информациите на Министерството за одбрана, од почетокот на операцијата воздухопловната група на руската армија извела повеќе од 200 полетувања. Од тоа 90 пати полетале тешки транспортери „Ил-76“ кои се дел од транспортната авијација на Воздушно-космичките сили на руската армија, а 143 пати воено-транспортните хеликоптери Ми-8 кои се наоѓаат во ескадрилите на Централниот и Источниот воен округ. Притоа оваа група на воздушно-противпожарните сили успеа да испорача скоро 5500 тони вода, со што се локализирани и изгаснати голем број пожари на површината од дури 690 илјади хектари, соопшти министерството, пренесува ТАСС.
Само во текот на вчерашниот ден авионите Ил-76 изведоа 20 полетувања и врз голема шумска површина зафатена од огнената стихија исфрлија 840 тони вода. Воено-транспортните хеликоптери Ми-8 изведоа 24 полетувања, при што извршија гаснење 84 пати со вкупно 420 тони вода. Вчера беше изгаснат пожар на околу 170 илјади хектари земја, на која расте претежно густа шума.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче