„Леарницата го труе воздухот со сулфурен анхидрид (до 120 илјади тони годишно) и киселиот дожд е честа појава овде“, пишува @ktvsiy.
„Просечниот животен век во Карабаш е 38 години: болести на белите дробови, кожата и рак.
Како го решија проблемот? На еден од околните голи ридови поставија крст од 12 метри“.
„Тука течат портокалови реки. Меѓутоа, јас не дојдов во Карабаш во најдобро време и коритата се моментално суви. Ако сакате да снимите филм за освојување на Марс, ова е вистинското место за тоа“.
„Не, на оваа фотографија не гледате огромна чинија со боршч, туку целиот најотровен отпад од фабриката. Штета што фотографиите не смрдат“.
„Концентрацијата на олово во воздухот овде е 156 пати поголема од дозволената норма. Концентрацијата на формалдехид и тешки метали во водата за пиење е максимум 15 пати поголема “.
„Состојбата на таканаречената санитарна зона на 1 км од фабриката. Вкупно 137 градби. Не најдов жива душа“.