На Денот на Воздушно-десантните сили и Илја Муромец „носи“ морнарска маичка

Парк „Таганская слобода“

По повод прославата на 89-годишнината од основањето на Воздушно-десантните сили на РФ рускот епски јунак Илја Муромец, чија скулптура го краси паркот „Таганска слобода“ во Екатеринбург, е облечен во морнарска маичка, таканаречената „тељњашка“, едно од обележјата на овие елитни единици на руската војска, рече директорот на паркот Василиј Овсенко, пренесуваат руските медиуми.

Воздушно-десантните сили го слават својот ден во знак на сеќавање на 2 август 1930 година, кога на вежбите кај Воронеж помала единица од 12 падобранци исполни тактичка задача и изврши десант.

Секоја година администрацијата на екатеринбуршкиот парк го облекува Илја Муромец во пругаста сино-бела маичка. Во последните пет години тоа веќе стана своевидна традиција, рече соговорникот на РИА „Новости“. Како што истакна тој, тие на овој начин сакаат да ги поддржат и да им го честитаат празникот на сите припадници на Воздушно-десантните сили. Инаку, во паркот, на Илинден, кога „десантњики“ весело и громогласно го слават својот празник во целата земја, не се одржуваат празнични свечености или тематски настапи. А нема ни фонтана, така што нема ни капење, кое се смета за неизоставна забава на припадниците на Воздушно-десантните сили на нивниот ден, потсети Овсенко.

Прочитајте повеќе: „Секогаш сте таму каде каде што е особено тешко”: Путин до Воздушно-десантните сили на Русија

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња