Околу 40 шамани ќе повикаат дожд да ги изгасне шумските пожари во Сибир

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND
Обредите за повикување на дожд ќе бидат изведени на 4 август на островот Ољхон во Бајкалското езеро, соопшти претседателот на управата на меѓурегионалната организација на шаманите „Тенгери” Бајир Цирендоржиев.

Околу 40 шамани од Бурјатија, Забајкалот и Иркутската област ќе се соберат на 4 август на бајкалскиот остров Ољхон за да изведат обреди кои, според нив, ќе придонесат да падне дожд врз пожарите во сибирската тајга. Ова во средата, 31 јули, за агенцијата ТАСС го соопшти Бајрир Бајир Цирендоржиев, претседател на управата на меѓурегионалната организација на шамани „Тенгери“.

Според податоците на руската државна агенција за заштита на шумите од воздух „Авиалесоохрана“, во средата наутро во Русија  се работеше на гаснење на 147 шумски пожари на вкупна површина од 100 илјади хектари. Притоа значителна површина на шума е зафатена од оган во оддалечените области каде пожарите не се гаснат. Повеќето пожари се забележани во Сибир: на територијата на  Иркутската област и Краснојарскиот крај.

„На Ољхон на 4 август ќе се соберат околу 40 шамани Бурјатија, Забајкалот и Иркутската област. Тие ќе изведат обреди за повикување на падне дожд заради гаснење на шумските пожари. Во моментов ги утврдуваме точните локации на пожарите“, рече Цирендоржиев.

Во вторникот будистичките свештеници-лами, исто така, соопштија дека се подготвени да извршат обреди за повикување на дожд, но истакнаа дека за тоа им се потребни „точните координати на пожарите“.

Путин ја прати војската да ги гасне пожарите во Сибир