Претседателот на Русија Владимир Путин, откако го разгледа извештајот на министерот за вонредни состојби, му даде налог на Министерството за одбрана на РФ да се вклучи во гаснењето на пожарите, се наведува во соопштението.
По налог на претседателот, група на вооружените сили останува во Иркутската област до следната наредба.
Премиерот Дмитриј Медведев им наложи на губернаторите да ја држат ситуацијата под контрола. Според министерот за природни ресурси и екологија на РФ Дмитриј Кобилкин вонредна состојба е воведена во пет руски региони, а површината зафатена од пожарите изнесува три милиони хектари.