Пожарите ги спотераа мечките од сибирските шуми во походи на луѓето

Reuters

Во Јакутија мечките почнаа да ги напуштаат шумите и да им се приближуваат на луѓето, за што сведочат и видеата на очевидци, објавени на социјалните мрежи, пишуваат руските медиуми.

И како да не беше доволен густиот смог од природните пожари што од кој се наголтаа жителите на Сибир и Јакутија, па уште се појавија и мечките кои бегаат од тајгата, спасувајќи се од огнената стихија. Животните се забележани на подрачјето на јакутската населба Пеледуј, во делот каде што се наоѓаат викендички, како опустошат леи и градини со малини. Според некои сведочења, тие се кријат на депониите, одат по улиците и влегуваат во дворовите и ги касаат кучињата.

Површината зафатена од пожарите во Русија изнесува три милиони хектари. Министерот за природни ресурси и екологија на РФ Дмитриј Кобилкин изјави дека поради шумските пожари е воведена вонредна состојба во пет руски региони. Премиерот Дмитриј Медведев им наложи на губернаторите да ја преземат под личен надзор ситуацијата во врска со пожарите што беснеат во нивните региони.

Синоптичарите од Хидрометеоролошкиот центар велат дека чадот од шумите во пламен би можел да стигне и до Москва, но само доколку над Сибир се надвие антициклон.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња