Хабиб Нурмагомедов и Николај Валуев ја коментираа смртта на боксерот Дадашев

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND
Спортската јавност продолжува да зборува за трагичната смрт на рускиот боксер Максим Дадашев.

Еве што по тој повод напиша најпопуларниот руски ММА-борец Хабиб Нурмагомедов.

„Овој случај уште еднаш ни докажува дека спортот не е најважната работа во светот, дека постојат многу поважни работи“, напиша Хабиб на „Инстаграм“.

„Секој пат кога ќе видам или слушнам вакви вести, почнувам да го мразам овој спорт во кој се тепаме едни со други. Сè е минливо, славата, парите, насловите и целиот наш живот, сите ќе си заминеме од овој свет, никој нема да остане. Треба да се размисли за тоа. На семејството и пријателите на Максим им ја посакувам силата на трпението. Правете добро и нека Севишниот нѐ награди за нашите дела и постапки во следниот живот, и нека ни ги прости нашите гревови“.

Познатиот боксер, а денес пратеник Николај Валуев повикува да се запрат оние кои поради оваа трагедија бараат да се забранат сите борби.

„Жал ми е за момчето. Не може да се врати. Смртта нѐ демне на најочекуваното место. И не треба да се обвинува боксот. Нека му е лесна земјата, мир и сеќавање!“, напиша Валуев на „Инстаграм“.