Противникот на Дадашев се одрече од хонорарот за мечот

Максим Дадашев

Максим Дадашев

Марцел Томас / ZUMAPRESS.com/Global Look Press
Порториканскиот боксер Сабриел Матијас се одрече од хонорарот за мечот со Максим Дадашев.

Како што пренесе неговиот портпарол, Матијас рекол дека тие пари не се потребни. Хонорарот за мечот требаше да изнесува 75 илјади долари.

Претходно Сабриел Матијас изрази почит за починатиот противник, а на неговите блиски сочувство.

Борбата меѓу Дадашев и Матијас се одржа на 20 јули. Рускиот боксер во текот на целиот меч беше во заостаток, а во финалните рунди доби неколку прецизни тешки удари. По 11 рунда тимот на Максим ја прекина борбата. По натпреварот на Русинот му се слоши беше хоспитализиран.

Итно беше извршена операција, а потоа Дадашев беше ставен во вештачка кома. Се зборуваше дека има шанси да продолжи со нормален живот. Меѓутоа, напорите на лекарите не вродија со плод. Максим почина во болницата на 23 јули. Имаше 28 години.

Кобниот меч со Матијас беше квалификациски. Победникот се стекнуваше со звањето задолжителен претендент на титулата светски првак. Во кратката кариера во професионалниот бокс, Дадашев освои еден појас - шампион на Северна Америка според верзијата NABF.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња