Руски дигач на тегови собори светски рекорд стар 32 години (ВИДЕО)

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Рускиот дигач на тегови Андреј Сапожников го собори светскиот рекорд од 1986 година, подигнувајќи 272,5 килограми од бенч во категоријата до 90 кг. Тоа значи дека тегот е три пати потежок од спортистот кој го подигнал.

Претходниот рекорд му припаѓа на Американецот Лари Данахер. Русинот го постави новиот рекорд без користење специјална опрема.

Андреј во 2018 година двапати го собори светскиот рекорд, подигнувајќи тегови тешки 260 и 265 килограми, а сега првпат подигна тег потежок од 270 кг.