„Петар Велики но и Жак Ширак“: На кои лидери им се восхитува Путин?

Global Look Press

Запрашан од кој светски лидер е најмногу фасциниран, претседателот на Русија Владимир Путин изјави за британскиот весник „Фајненшел Тајмс“ дека тоа е Петар Велики.

На забелешката на новинарот дека великанот на руската историја не е меѓу живите, Путин одговори: „Петар Велики ќе биде со нас сѐ додека е живо неговото дело. Да, тој одамна умре, но остана во нашите срца“.

Од современите политичари рускиот претседател е импресиониран од поранешниот претседател на Франција Жак Ширак.

„Во времето кога беше претседател, за секое прашање имаше свое мислење, умееше да го брани, а спрема партнерите секогаш се однесуваше со почит“, рече Путин, карактеризирајќи го Ширак како интелектуалец и вистински професор, но и како многу интересен и одмерен човек.

Тој додаде дека во современата историја има многу примери на извонредни и интересни луѓе.

Жак Ширак беше претседател на Франција од 1995 до 2007 година.

Прочитајте повеќе: Путин одговори каде се границите на неговото трпение

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња