Путин: Русија во текот на 1990-те беше на работ на распадот и губење на суверенитетот

Kremlin Pool/Global Look Press
Претседателот на Русија Владимир Путин на годинешната „Директна линија“ ја прокоментира критиката упатена до партијата „Единствена Русија“, истакнувајќи дека во текот на 1990-те земјата била на работ на распадот.

„Кога луѓето преземаат одговорност, меѓу другото и за носење не баш популарни но на земјата исклучително потребни одлуки, тогаш тоа се зрели луѓе на кои животната цел и целта на политичката кариера им е да придонесат за јакнењето на земјата и подобрување на животниот стандард на граѓаните“, рече Путин одговарајќи на прашањето „каде нѐ води бандата патриоти од „Единствена Русија“.

Тој истовремено потсети каква беше состојбата во земјата во текот на 1990-те.

„Нема да ги наречам банда луѓето кои беа на власт во текот на 1990-те, но ќе истакнам дека тогаш потполно се распаднаа нашата социјална сфера, нашата индустрија, нашиот военоиндустриски сектор, дека ја изгубивме воената индустрија, практично ги растуривме Вооружените сили, ја доведовме земјата до граѓанска војна, до крвопролевање на Кавказот и на работ на губење на суверенитетот и распад – тоа треба отворено да се каже. Се разбира, за тоа не се одговорни сите кои управуваа во текот на 1990-те, но ако тоа веќе се случило, тогаш сигурно ги има и оние кои мораат да ја сносат таа одговорност“, рече Путин.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња