Позната руска актерка игра во серијата „Новиот папа“

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Руската актерка Јулија Снигир ќе игра во серијата „Новиот папа“ која се снима како продолжение на серијата „Младиот папа“ на Паоло Сорентино. Режисерот на „Инстаграм“  објави фотографија од Јулија со коментарот: „Во потрага по фотографија. Голема актерка“.

Снигир е позната во Русија по улогата на царицата Екатерина II во руската ТВ-серија Екатерина Велика. Во странство е најмногу позната по улогата на противникот на Брус Вилис во филмот Умри машки 5 (A Good Day to Die Hard, 2013).

Џуд Ло и во новата серија ја игра својата улога, додека на актерската екипа заедно со Јулија првпат ѝ се придружуваат Џон Малкович, Шерон Стоун и Мерилин Менсон.

Подетални информации за овој телевизиски проект засега не се познати.