Папамобил за Џон Малкович: Редизајниран УАЗ „Пикап“ во популарната италијанска серија „Новиот папа“

AP

Во продолжението на популарната италијанска серија „Младиот папа“ на Паоло Сорентино која штотуку се снима под насловот „Новиот папа“, поглаварот на Римокатоличката црква ќе се вози во Ватикан и на службените патувања во автомобил УАЗ „Пикап“, со јасно видливо логото на руската Фабрика за производство на автомобили од Улјановск.

Италијанскиот весник Ilmessaggero објави фотографии од снимањето на втората сезона од телевизиската серија на кои се гледа американскиот актер Џон Малкович како папа, во редизајниранот руски пикап, претворен во папамобил.

Од една од најпознатите руски фабрики за производство на автомобили е потврдена соработката со креаторите на серијата „Новиот папа“, пишуваат руските медиуми. Како што се наведува, на УАЗ „Пикап“ за италијанскиот пазар е сертифициран минатата година и веднаш потоа продуцентите на серијата кои му „фрлиле око“ се обратиле до дилерите на рускиот производител во Италија, по што тие самите и го редизајнирале во таканаречениот папамобил. Возилото што се појавува во филмот, со специјална заштита и скалила, како што се гледа на снимките, не се произведува сериски во Улјановск, туку за неговиот изглед е заслужно едно римско ателје, прецизираат од руската фабрика.

Возилото е опремено со 2,7-литарски мотор ЗМЗ на бензин и течен гас, кој ги задоволува европските стандарди за емисија Euro 6. Во спротивно, во преработениот заден дел на пикапот е поставена стаклена купола која го штити папата од евентуални напади. Како што изјавија од УАЗ, нивното возило го избрал имено славниот италијански режисер Паоло Сорентино, кој сакал во улогата на папамобилот да биде автомобил кој не им е премногу познат на Италијанците. Во реалноста папата користи претежно европски (почесто италијански) автомобили, но Сорентино сакал нешто сосема поинаку.

Инаку, УАЗ „Пикап“ минатата година беше еден од најпродаваните автомобили во Русија во својот сегмент. Во фабриката за автомобили во Улјановск во моментов активно се работи на зголемување на извозот на рускиот теренец. На почетокот на февруари фабриката УАЗ започна со производство на обновениот „Пикап“ со дополнителни опции во неколку верзии.

Премиерата на телевизиската серија „Новиот папа“ е планирана за ноември оваа година. Се работи за продолжение на популарната серија „Младиот папа“ која своевремено крена голема прашина, со Џуд Ло во главната улога, а зборува за тоа како еден американски кардинал станува еден од најмладите поглавари на Римокатоличката црква во историјата.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња