Рускиот ракометар Тимур Дибиров ќе продолжи да настапува за македонски „Вардар“ во наредната сезона, а клубот ќе продолжи да функционира. Ова Дибиров го изјави за агенцијата ТАСС.
Во неделата „Вардар“ стана победник на Лигата на шампиони во ракомет, победувајќи го во финалето унгарскиот клуб „Веспрем“ (27:24).
„Следната сезона ќе ја поминам во „Вардар“. Клубот ќе биде зачуван, ситуацијата стана многу подобра“, рече Дибиров.
Претходно беше соопштено дека во „Вардар“ се појавиле финансиски проблеми поради кои клубот би можел да престане да постои.
Во македонскиот клуб освен Дибиров настапуваат Русите Даниил Шишкарев, Глеб Калараш, Сергеј Горбок и Дмитриј Кисељов.
Прочитајте повеќе: Рускиот ракометар на „Вардар“ Дибиров прогласен за најдобро лево крило во Лигата на шампиони