Ракометарот на македонскиот тим „Вардар“ и руската репрезентација Тимур Дибиров е прогласен за најдобро лево крило во Лигата на шампиони за сезоната 2018/19. Ова во петокот го соопшти прес-службата на Федерацијата за ракомет на Русија, пренесува ТАСС.
„Најдобриот тим“ на турнирот беше одреден пред натпреварите на Ф-4 според резултатите од гласањето на навивачите организирано преку официјалната мобилна апликација. Дибиров е прогласен за најдобро лево крило во Лигата на шампионите по втор пат, првпат тоа се случи во сезоната 2013/14. Исто така, меѓу најдобрите играчи на турнирот се најдоа тројца ракометари на „Вардар“: српскиот голман Дејан Милосављев, латвискиот десен бек Даинис Криштопанс и десното крило Иван Чупиќ од Хрватска. Најдобар тренер во Лигата на шампионите изминатава сезона е шпанскиот тренер на „Вардар“ Роберто Гарсија Парондо.
Дибиров се пресели во „Вардар“ во 2013 година од рускиот клуб „Чеховски медведи“. Како дел од македонскиот тим тој трипати го освојуваше домашното првенство, четирипати го освојуваше Купот, а исто така ги освои и Суперкупот на Македонија и Лигата на шампионите. Како член на „Чеховски медведи“ беше шампион на Русија десет пати по ред и петпати го освојуваше националниот куп.
Во финалето на Лигата на шампионите што се одржа на 2 јуни во германскиот град Келн, македонскиот првак „Вардар“ го победи унгарски „Веспрем“ со резултат 27:24 и на тој начин ја освои втората титула во Лигата на шампиони. Првиот европски шампионски пехар екипата од Скопје го подигна пред две сезони.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче