Непознати сторители го украдоа напуштениот железнички мост преку реката Умба во Мурманската област во Русија, соопшти регионална управа на Министерството за внатрешни работи на РФ
Жителите на селото Коашва се пожалија на полицијата за исчезнувањето на мостот, рече претставникот на ресорот Валерија Филипова. Како што наведе таа, полициските службеници работат на утврдување на сопственикот на исчезнатата конструкција долга повеќе метри.
Градбата се наоѓаше покрај до селото Октјабрское во кое никој не живее од 2013 година.
Мештаните претпоставуваат дека собирачите на секундарни суровини го срушиле мостот во реката, го исекле на делови и го продале во старо железо.
Од администрацијата на градот Киров, кој се наоѓа во областа каде исчезна мостот, рекоа дека никој не го користел мостот со години и дека не се наоѓа во евиденцијата на градот.
Преку мостот порано поминуваше пругата што ги поврзуваше селата Ајкувен и Ловозеро. Со железницата порано беа транспортирани ретки земни метали од блискиот рударски комбинат. Пругата беше демонтирана во 2007 година по банкротот на комбинатот, а сега исчезна централниот распон на мостот.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче